ОМ: Избори само кога Груевски нема да може да краде и фалификува

Од:

„Обединети за Македонија, во целост стои зад вчерашната одлука на лидерот на здружената опозиција и на СДСМ, Зоран Заев, ценејќи ја конзистентноста, за поместување на датумот за претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 24 април годинава.

ОМ укажува дека се уште не се создадени услови за фер избори, особено кога не е прочистен гласачкиот список, медиумите, Специјалното јавно обвинителство нема соработка со институциите и е блокирано од истите, анкетните комисии се нефункционални и се само декор за власта за извртување на вистината и фабрикување на нови лаги.

ОМ е против секое наметнато решение, за да се прифатат избори по секоја цена.

Мора да се прекине агонијата која ни ја приредува веќе цели десет години оваа криминална власт. Одиме на избори каде ќе има чист терен, каде Груевски ќе нема можности да краде, фалсификува, уценува и мами“, се вели во соопштението на Обединети за Македонија.

Би можело да ве интересира

ОМ: Министерство за политички систем и етнички национализам

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Ова е вековен сон на целиот македонски народ

Катерина Ѓуровски

ОМ: Народот не ве плаќа за циркус, однесувајте се цивилизирано во Собранието

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Една држава – едни униформи

Ана Ололовска

ОММ стана придружен член на Европските млади конзервативци

Ана Ололовска

ОМ против најавената промена на називот на улицата „Борис Сарафов“ во „4 Јули“

Ана Ололовска