ОМ: Историското ВМРО да влезе во Уставот, но да се забрани во имињата на партиите

Од:

„Обединети за Македонија“ како десничарска партија бара ВМРО да влезе во преамбулата на Уставот, но и да се забрани името ВМРО во имињата на партиите.

Оттаму сметаат дека ВМРО како масовно, национално ослободително движење е првата организирана формација која, како што велат, ја издигнала идејата за независна Македонија за сите народности во неа.

„Во нашето партиско име го нема предзнакот ВМРО, но го има во преамбулата во нашиот Статут, за да се оддаде почит кон организацијата која ги обединувала сите етноси во Македонија. Ниту ние, но и ниту една друга партија нема право да го злоупотребува тоа свето име за македонскиот народ“, се наведува во партиското соопштение.

Оттаму велат дека за тоа сведочат и повеќе изјави од минатото, па го цитираат Христо Татарчев според кого: „Прифатен еднаш автономниот принцип, ни налагаше да бидеме последователни и во понатамошните решенија и да се избегнува сето она кое би го возбудило тесноградниот национализам кај инородните народи.“

Од „Обединети за Македонија“ цитираат изјава и од Димитар Влахов кој кажал: „Член на организацијата може да биде секој Македонец, од која народност и да е тој и какви и да биле неговите политички сфаќања, само да прима нејзините принципи и се бори за политичката автономија на Македонија“.

Според партијата, овој мал дел од многу други изјави од членови на историското ВМРО, јасно покажуваат дека историското ВМРО е државотворна организација и ниту една партија нема право да го злоупотребува тоа име.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази