ОМ: Христијан Мицкоски продолжува со лицемерно однесување

Од:

„Скриен позади неговите партиски портпароли, во прескапата Бела Палата, Мицкоски повторно пробува да маневрира и да го избегнува повикот на јавна ТВ-дебата пред македонскиот народ со Претседателот на Обединети за Македонија – Љубе Бошкоски.

dobivaj vesti na viber

Го разбираме стравот поради недостиг на факти, па затоа да го потсетиме дека во периодот меѓу 2017 и 2019 година имаме 741 милиони евра странски директни инвестиции“, се вели во соопштението на Обединети за Македонија.

„Ова е рекорд на странски инвестиции во Македонија, споредбено во периодот од 2013 до 2015, каде имаше 457 милиони евра, а во периодот 2015 – 2017, 555 милиони евра странски директни инвестиции.

Според Светската трговска организација, учеството на странски инвестиции во бруто-домашниот производ во 2018 е 5,8%, за разлика од 2012 година, каде е 1,5%.

Ако толку го интересира господинот Мицкоски кои фирми се донесени во периодот додека Претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски е советник, нека ја прифати фрлената ракавица, нека се охрабри и појави на ТВ-дебата, а не да се крие позади партиски портпароли и да се служи со ниски препукувања“, се наведува во соопштението на Обединети за Македонија.

Би можело да ве интересира

Обединети за Македонија: Една држава – едни униформи

Ана Ололовска

ОММ стана придружен член на Европските млади конзервативци

Ана Ололовска

ОМ против најавената промена на називот на улицата „Борис Сарафов“ во „4 Јули“

Ана Ололовска

Онлајн состанок на ОМ со раководителот на ЕКР за Бугарија: Меѓусебното разбирање е основа на решавање на проблемите

Ана Ололовска

Бошкоски го повикува Мицкоски на дебата

Ана Ололовска

Стразбур пресуди во корист на Бошкоски, државата треба да му плати отштета за „Кампања“

Кристијан Ландов