ОМ: ДУИ и ДПМНЕ ја федерализираат Македонија

Од:

„Обединети за Македонија најостро се спротивставуваат на злоупотребите на власта од страна на ДУИ, која како коалиционен партнер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ се дрзна да испрати свои високи функционери да положат цвеќе на споменик посветен на загинати припадници на ОНА“, изјави Јагода Митревска, потпретседател на партијата на Љубе Бошкоски.

Загинатите припадници на ОНА, велат, се истите оние лица кои во воениот конфликт во 2001-година биле ликвидирани од страна на Македонските безбедносни сили бидејќи пукале во Македонија, во македонскиот народ и во Македонската православна црква.

„Со овој чин двете клучни владејачки партии во Македонија испратија порака дека се прави обид за прекројување на суверенитетот и независноста на македонската држава, со намера да биде федерализирана. Бранителите на македонската држава се негирани од државната власт при што говори да екс министерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски како заслуга на тоа се наоѓа во затвор а останатите бранители се обесправени од сопствената држава“, рече Митревска.

Токму поради злоупотребата на високите државни функции на вице-премиерот Муса Џафери, на министерот за одбрана Фатмир Бесими и други, како и поради кршење на Уставот и законите на Република Македонија, ОМ бара од премиерот Никола Груевски и од целата Влада да ги разрешат од своите функции инволвираните државни функционери во оваа провокација.

ОМ бара од Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, како Врховен командант на вооружените сили на Македонија, да се огради од овој настан и да ги повика на одговорност и да ги отстрани од редовите на вооружените сили сите инволвирани од редовите на АРМ во овој немил настан.

 

 

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори