ОМ: ДПМНЕ докажа дека не е ВМРО

Од:

„На денешната конвенција ВМРО-ДПМНЕ го избира кандидатот за претседател на државата – тоа е Гордана Силјановска Давкова, поранешен министер во владата на СДСМ и жесток противник на Преспанскиот договор.

Со партиски избор на навидум надпартиски кандидат, се прави обид за повторување на „методот Иванов“од 2009 година. Тогашната академската заедница го иницира и се заложи за Иванов, за тој потоа да ја добие, оправда и одработи агендата на ВМРО-ДПМНЕ, односно на ДПМНЕ.

Следејќи ги внимателно говорите на кандидатите, видовме дека некои се претставуваат надпартиски, а веќе денес искажуваат култ кон Мицкоски! Други пак, се служеа со фашистички реторики и лажен национализам, трети бараа дом во ДПМНЕ по поминати бројни партии, а видовме и докажани комунисти, сврзани со Белградско-Московската линија.

Меѓу делегатите, за жал, беа и наши поранешни членови, луѓе со нечиста совест, луѓе кои го креираа политичкиот реваншизам на ДПМНЕ против нашиот претседател Љубе Бошкоски!

Обединети за Македонија според сето заклучува дека ДПМНЕ сѐ уште живее во 19. век, а предлага кандидат за претседател за во 21. век. Не видовме ниту едно решение – само обид за нова емотивна манипулација со македонскиот народ!“, се вели во соопштението на Обединети за Македонија.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски