Денес кога го прославуваме денот на формирањето на историското ВМРО и ги упатуваме искрените честитки кон сите граѓани на РМ, при тоа високо свесни дека ВМРО е кодот, шифрата на нашето опстојување, ОМ го поставуваат повторно и повторно прашањето: кој го има правото да слави, прашуваат од Обединети за Македонија.
Дали вистинските припадници на ВМРО и возобновителите на таа идеологија и кои се тие денес?
ОМ си го поставуваат прашањето: Дали вистинска причина за прославување имаат узурпаторите и конфискувачите на ВМРО, оние неколкумина кои станаа милионери, стигматизарјќи го ВМРО, отворајќи рана, невидено понижување и срам одземајќи ни го минатото, сегашноста и иднината?
Да тие имаат причина да слават?
Дали имаат причина за прослава денес стотиците илјади невработени граѓани, иселените над 500.000 жители, меѓу кои најголем број млади насекаде по светот и по нив расплаканите по татковината сиромашните, социјално загрозените, бранителите од татковинската војна, неправедно затворените и киднапирани, замолчените академици, понижените судии, здраствените просветни работиници… Кој од нив има причина за радост?
ОМ како силна обединителна партија со јасна ВМРО идеологија и профилација ги повикува сите граѓани, без разлика на политичката или не политичката припадност, без разлика на нивната размисла околу политката: Да престанеме со делбите и дележите македонски, но да се обединиме против злото, против конфискатоирте на ВМРО, тие неколкумина и нивните слуги извршители на мрачната политика која Македонија ја вратија пред 1893 година, пред формирањето на ВМРО, за да им го покажеме местото кои самите го заработија со злоупотребите на светиите на ВМРО, а оставајќи го народот да не може на ниеден голем и славен историски настан од нашата историја па и овој на формирањето на Вмро да се предизвика емотивен интерес, радост, гордост, среќа и надеж за Македонија. ОМ се тука со својот народ и ја продолжуваме нашата борба како никогаш до сега. Од најактелната историска порака на ВМРО „слобода или смрт“ да ја избереме – слободата, велат од ОМ.