(ВИДЕО) Оливер Спасовски: Договорот од Пржино повеќе не е активен

Од:

Ова денеска што се случи со неизборот на тимот на обвинители на специјалниот јавен обвинител, де факто значи дека Договорот од Пржино е прекршен. Исто така, прекршен е и Законот за специјалното јавно обвинителство за којшто впрочем се договаравме сите политички партии учесници во процесот на договарање, изјави генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, по одлуката на Советот за јавни обвинители да изгласа само седум од предложените 14 кандидати на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Сакам да ја информирам јавноста дека Социјалдемократскиот Сојуз се повлекува на консултации во партијата во однос на ова кршење и непочитување на Договорот. За нас договорот од Пржино веќе не е активен и не е во функција и во тој дух ќе соопштиме понатамошни наши чекори коишто ќе следат после консултациите во СДСМ.

П1: Постигнат е договор за Изборниот законик…

Сé друго е ирелевантно. Денеска има прекршување на Договорот, прекршување на закон и не сакаме да дозволиме повторно тоалет хартија од страна на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи Македонија веќе тоа не го заслужува.

П2: Што ќе стане со сите оние закони што требаше да ги работите во работните групи, вклучувајќи ги и новите министри, заменици во преодната влада?

Дополнително реков дека после консултациите ќе ги соопштиме нашите ставови. Најстрашно и најжално за Македонија и за нејзината иднина е што повторно ВМРО-ДПМНЕ го прекрши Договорот и навистина, се покажа уште еднаш и се докажа дека освен партискиот интерес, не им е важен интересот на Македонија и на нејзините граѓани.

П3: Можеме да ги очекуваме во текот на денешниот ден вашите консултации?

Штом ќе завршат консултациите ќе добиете став на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски