А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Оланд: Франција сака да помогне да се реши проблемот меѓу Македонија и Грција

by А1он25/07/2013 - 14:5898
Share0

Имајќи ги предвид добрите односи кои ги има со Грција, Франција сака да помогне да се изнајде решение за проблемот меѓу Македонија и Грција. Факт е дека дојде до застој во решавањето на овој проблем. Факт е и тоа дека ние не можеме овој проблем само да го оставиме да постои. Мора да направиме нешто во врска со тоа прашање. Поради тоа Франција сака да го искористи влијанието кое го има за да се обидеме да изнајдеме решение бидејќи ова прашање навистина беше премногу комплицирано, премногу долго трае.

Добивај вести на вибер

Ова денеска на прес-конференција по пленарната сесија на состанокот во Брдо кај Крањ, го истакна францускиот претседател Франсоа Оланд, кој рече дека сака да ја искористи можноста уште еднаш да ја нагласи поддршката која Франција ја дава и ќе продолжи да ја дава на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската унија, јави известувачот на МИА.

– Постои потреба да се исполнат одреден број услови кои се многу важни за секоја од земјите. Првенствено тука мислам на реформите – политички, економски, институционални, како и реформите кои се однесуваат на владеењето на правото. Постои уште еден услов кој се однесува на целиот регион, а тој е регионална соработка и помирување. Тоа е она што вие се обидувате да го постигнете со овој процес, рече Оланд.

Ако недоразбирањата не бидат решени, посочи францускиот претседател, ако сигурноста не им биде загарантирана на сите, не може да постои европска интеграција, не може да дојде до интеграција, Европа не може да продолжи да дава поддршка и помош на сите земји.

– Неопходно е земјите да направат се што е во нивна моќ за да ги надминат потешкотиите и недоразбирањата кои постојат меѓу нив. Доколку сакаме да дојде до она вистинско помирување во Европа, тоа ќе можеме да го постигнеме исклучиво ако се обидеме и вие и ние да ги вложиме сите наши напори Балканот да стане дел од ЕУ, додаде Оланд.

Словенечкиот претседател Борут Пахор на прес-конференцијата рече дека процесот на проширување  на ЕУ е во интерес на сите.

– Процесот не е толку брз. Наша задача е да ги решиме сите прашања кои и натаму се отворени, кои го предизвикаа распадот на поранешна Југославија. Ако не дојде до решавање на отворените билатерални прашања, тоа би претставувало голем проблем, истакна Пахор и додаде дека следниот состанок на Брдо процесот ќе се одржи во Хрватска.

imeto

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска05/05/2023 - 15:1705/05/2023 - 15:20

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска03/11/2021 - 12:22

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска09/02/2020 - 13:0809/02/2020 - 13:36

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски30/01/2020 - 18:5731/01/2020 - 08:41

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска24/12/2019 - 12:5324/12/2019 - 14:38

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска11/12/2019 - 13:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен