ОКТА ги пренамени новогодишните корпоративни подароци во донација за две посебни основни училишта

Од:

Сите средства наменети за корпоративни подароци, компанијата ОКТА ги искористи за набавување логопетски сетови за посебните основни училишта „Иднина“ и „Златан Сремец“. Со тоа, компанијата ја продолжува традицијата во претпразничниот период со соодветна донација да ги помогне училиштата каде се згрижени деца со посебни потреби.

Донираните сетови содржат елементи за аудио и визуелен третман со дигитална компјутерска поврзаност што е од голема важност за развој и третман на оваа категорија деца. Од училиштата ја поздравуваат донацијата објаснувајќи дека логопетскиот сет е неопходен за терапија на говорот кај децата во развоен период и во третирање гласови, зборови, реченици и содржина на текст. Со овој вид третман се опфаќаат сите категории попреченост во развојот на ученици со интелектуална попреченост, мултихендикеп и аутизам. Со редовен и технички поддржан третман кај децата во развојниот период, резултатите може да бидат исклучително позитивни во експресивниот говор.

Од компанијата изјавуваат дека со оваа донација веруваат дека значајно ќе придонесат во унапредување на едукативниот и развоен процес кај децата од овие две училишта.

Би можело да ве интересира

Ацт Македонија со повик за приклучување во хуманитарната акција

Одржан вториот Ласер ран, донирани средства за лекување на малиот Леонид

Семејството на Кико донираше половина милион денари за респиратор малиот Стефан

Катерина Ѓуровски

Хуманитарна акција „Црвен тепих на хуманоста“ во 18 градови низ државата

Ана Ололовска

Хуманитарна акција за жителите од загрозените подрачја од пожарите

A1on

Хуманитарна трка на скопскиот кеј за помош на онколошкото одделение на Детската клиника

Ана Ололовска