Околу 200 договори за практикантство во Куманово

Од:

Двесте и дванаесет договори склучиле физичките и правните лица од Куманово за мерката практиканство, информираа денеска од Центарот за вработување Куманово. Годинава ангражирани се практиканти во адвокатски канцеларии, сметководствени бироа, козметичарки, продавачи во угостителски објекти, информатичари, медицински сестри во ординации.

– Фирмите покажаа интерес за оваа мерка преку која ангажираат млади кои ги воведуваат во работата, ги подучуваат, усмеруваат, ги подготвуваат за работно место. Дел од фирмите кои ангажираат повеќе практиканти во текот на траењето на мерката ги селектираат овие лица според нивните способности и одбираат иден вработен, изјави Мира Трајковска, соработник за вработување од кумановскиот Центар за вработување.
Фирмите немаат обврска за плаќање на лицето кое од државата добива 9.000 денари месечен надоместок, во кој се вклучени персонален данок на доход и осигурување во случај на повреда.

Годинава помесетена е возрасната граница, така што ги опфаќа лицата до 34 години и времетраење на мерката може да биде од три до шест месеци. Поголем дел од практикантите одбрале да ја користат мерката во траење од половина година. Мерката почна на 16 март годинава и ќе трае се до пополнување на предвидената бројка.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе