ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп поднесе кривична пријава против градиначалникот Јованоски

Од:

Oпштинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп денеска до Основното јавно обвинителство, поднесува кривична пријава против градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, за сторено кривично дело “Несовесно работење во службата”.

Јованоски како прв човек на општината не го осигурал од штети изграденото подрачно училиште во населбата Сточен пазар, при што е директно одговорен за уништувањето и кражбите на овој објект, кој требаше да го олесни секојдневието на децата и родителите од населбите Сточен пазар и Жабино маало, велат од партијата.

Првиот човек на општината го прекршил членот 50 во точка 15 од став 1 oд Законот за локална самоуправа, според кој е должен да ја одржува и заштитува сопственоста на општината. За ова кривично дело во Кривичниот законик е предвидена казна затвор во траење од 6 месеци до 2 години и парична казна, додаваат тие.

„ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати ја информираше јавноста дека училиштето во населбата Сточен пазар се уништува и е мета на кражби, но градоначалникот Илија Јованоски немаше слух за тоа и остави инвестиција од 10 милиони денари народни пари целосно да се запусти. Во ова училиште настава требаше да посетуваат 170 деца до петто одделение, но суетноста на градоначалникот Јованоски не го дозволи тоа,“ велат од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Неспособноста и суетноста на градоначалникот Илија Јованоски му донесе кривична пријава

Oпштинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп денеска до Основното јавно обвинителство, поднесува кривична пријава против градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, за сторено кривично дело “Несовесно работење во службата”.Јованоски како прв човек на општината не го осигурал од штети изграденото подрачно училиште во населбата Сточен пазар, при што е директно одговорен за уништувањето и кражбите на овој објект, кој требаше да го олесни секојдневието на децата и родителите од населбите Сточен пазар и Жабино маало.Првиот човек на општината го прекршил членот 50 во точка 15 од став 1 oд Законот за локална самоуправа, според кој е должен да ја одржува и заштитува сопственоста на општината.За ова кривично дело во Кривичниот законик е предвидена казна затвор во траење од 6 месеци до 2 години и парична казна.ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати ја информираше јавноста дека училиштето во населбата Сточен пазар се уништува и е мета на кражби, но градоначалникот Илија Јованоски немаше слух за тоа и остави инвестиција од 10 милиони денари народни пари целосно да се запусти.Во ова училиште настава требаше да посетуваат 170 деца до петто одделение, но суетноста на градоначалникот Јованоски не го дозволи тоа.Бараме Основното јавно обвинителство веднаш да реагира и да го повика Јованоски на распит. Цели 10 милиони денари пари на граѓаните пропаднаа поради неговата негрижа и неспособност, а за тоа мора да следува одговорност.

Posted by ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп on Петок, 10 јули 2020

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кои струмички компании имале кредити без покритие во Еуростандард банка и како тие се поврзани со власта?

А1он

Арсовски: Покачувањето на струјата е за лично богатење на Заеви

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на Заев и Филипче стана меѓународен здравствен проблем

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да каже дали има парламентарно мнозинство

А1он

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија ѝ е потребна сигурна иднина, која ќе ја овозможи влада преводена од ВМРО-ДПМНЕ

А1он