ОЈО предложи притвор за охриѓанец кој поседувал и продавал марихуана

Од:

Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека извршило кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 од Кривичниот законик.

Покрај донесената Наредба за спроведување истражна постапка, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Охрид достави и предлог за определување на мерката притвор против осомничениот.

– Сторителот, 35-годишен охриѓанец, неовластено набавил дрога марихуана и ја држел во својот дом во Охрид. Во домот на осомничениот е извршен претрес при што е пронајден еден килограм дрога спакувана во одделни пакувања, како и опрема за мерење – две дигитални ваги со остатоци од растителната материја, соопшти ЈОРМ.

Би можело да ве интересира

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

(ВИДЕО) Спречен е транспорт на дрога во близина на Градско, уапсени се две лица

Четворица нови обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Разбиена мрежа за дрога – повеќе од 100 уапсени во Украина, Полска и Молдавија

А1он