ОЈО: Поднесено обвинение за обид за убиство

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.
Кривично-правниот настан се случил на 24.09.2018 година, на крстосница меѓу улиците „Дурмиторска“ и „Алија Авдовиќ“, каде оштетениот преку една социјална мрежа договорил средба со непозната девојка.

Откако со своето возило пристигнал на договореното место, пред себе забележал друго возило без регистарски ознаки. Од возачката страна на возилото излегло непознато лице со маска/фантомка на главата, додека од совозачката страна излегол обвинетиот и со огнено оружје упатил рафални истрели кон возилото на оштетениот, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот. На овој начин обвинетиот со умисла се обидел да го лиши од живот оштетеното лице, соопшти ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на судот да ја продолжи претходно изречената мерка притвор за обвинетото лице, сметајќи дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и околности кои укажуваат дека тој ќе го повтори односно ќе го доврши обиденото кривичното дело. Притоа, обвинителот особено ја ценеше околноста дека утврден мотив за кривичното дело е крвна одмазда и дека тој мотив се уште постои кај обвинетиот.

Би можело да ве интересира

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

До смрт ја претепа двoмесечната ќерка – осуден е на 58 години затвор

А1он

Ќе лежи 22 години во затвор за убиство на сопругата – полицијата го пушти на слобода кога и се закануваше

А1он

Две лица од Турција осомничени за обид за убиство во Скопје, се трага по третиот осомничен

Тројца мажи во Мексико осудени на по 158 години затвор за убиството на тројца сурфери