ОЈО: Насилен скопјанец нападнал жена, ја влечел за коса, па ја удирал

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – насилство, како и предизвикување општа опасност, извести ОЈО.

„Осомничениот 65-годишник, на 27.12.2023 година, на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје предизвикал значителна опасност за двајца оштетени – мајка и син, а извршил и грубо насилство кон оштетената жена, нанесувајќи и тешки телесни повреди. Додека оштетените со своето возило се движеле по булеварот кон својот дом, осомничениот ги удрил со неговиот автомобил, непрописно поминувајќи преку пешачки премин на црвен семафор. Оштетениот кој управувал со возилото тргнал по осомничениот и на следната крстосница излегол за да го праша зошто ги удрил. Осомничениот тогаш излегол од автомобилот со нож во раката и почнал да му се заканува.

Исплашен, оштетениот се вратил во возилото во кое била и неговата мајка, но осомничениот повторно влегол во неговиот автомобил и тргнал во рикверц, повторно удирајќи во возилото на оштетените. Расправијата продолжила, а кога од автомобилот излегла и мајката, осомничениот ја фатил за коса и започнал да ја влече, насилно ја турнал во неговиот автомобил и започнал да вози во правец кон Лисиче. По околу 600 метри застанал, ја извадил жената од колата и физички ја нападнал, удирајќи ја со клоци и тупаници и заканувајќи и се дека ќе ја фрли во Вардар. На тој начин на оштетената и нанел тешки телесни повреди – три скршеници и потрес на мозок, а кај сведоци на настанот предизвикал чувство на загрозување и страв.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност од бегство и можност тој да ги повтори кривичните дела“, велат од обвинителството.

Би можело да ве интересира

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Фиктивни долгови, фалсификувани потписи и изнуда: Истрага против четири лица, нотар осомничен за несовесно работење

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за две лица вработени на Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип

Горан Наумовски

Скопското ОЈО ќе бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Скопје

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Предраг Петровиќ

Азизи: Зајакнувањето на истражниот центар, постапувањето по црните листи и борбата против перењето пари се клучни приоритети во кандидатурата за шеф на ОЈО ГОКК

Предраг Петровиќ