ОЈО – Гостивар го расветлува нападот во Кичево

Од:

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гостивар извршил увид во центарот на Кичево, на местото каде вчеравечер,​ се случи вооружен инцидент во кој се ранети три лица.

Според првичните сознанија до инцидентот дошло кога лицето А.А од зад грб испукало неколку куршуми од пиштол кон А.А и А.Д. При нападот со лесни телесни повреди во пределот на потколеница се здобил и случаен минувач. Поради сериозноста на повредите А.А и А.Д се пренесени на лекување во скопските клиники.

При увидот јавниот обвинител издаде наредби за собирање на траги од лице место, за вештачење, фотографирање и скицирање на местото на настанот.

​Во текот на денешниот ден Основното јавно обвинителство – Гостивар до судија на претходна постапка при Основниот суд – Гостивар ќе достави Предлог за определување на мерка – притвор за сторителот.​

Би можело да ве интересира

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Предраг Петровиќ

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски