ОЈО бара притвор за насилник кој со пиштол заплашувал семејство од Скопје

Од:

Основното јавно обвинителство од Скопје донесе побара притвор за 36-годишен скопјанец кој е осомничен за кривичните дела неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи и за насилство.

Осомничениот 36-годишник, на 2 август, на булеварот „Никола Карев“ во Скопје, заедно со уште едно засега непознато лице, ја загрозил сигурноста на двајца сопружници и предизвикал чувство на загрозување и страв кај други присутни лица. Додека сопружниците и нивните две малолетни деца со автомобил Тојота се движеле по булеварот, оштетениот и другото лице претрчале пред нив.

Осомничениот се доближил до возилото на оштетениот, ја отворил возачката врата, започнал вербално да се расправа, држејќи во раката пиштол марка TANFOGLU во кој имало рамка со 10 куршуми и за кои немал дозвола да ги поседува. Потоа започнал со клоци и тупаници да удира во задниот дел од возилото каде што седеле децата. Кратко потоа полицијата го лишила од слобода и му го одзела оружјето.

Со оглед на тоа што постојат околности кои упатуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор. Осомничениот претходно бил веќе осудуван за кривични дела, од кои еднаш за обид за убиство.​

Би можело да ве интересира

Малолетник пукал со пиштол во Чаир, два куршума завршиле во стан

Едно лице убиено со огнено оружје во близина на скопското село Блаце

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вознемирувачко видео од Ваљево: Маж претепа жена на тераса пред очите на соседите

43-годишник уапсен, малолетните деца краделе – претреси во Струга и Битола најдени пиштоли, пушки и муниција

А1он

„Падна“ мажот кој и се закануваше на жена со убиство, па побегна: Полицијата го уапси насилникот

Насилникот кој истепа бебе и ја силуваше девојката пред шест години бил апсен за семејно насилство

Горан Наумовски