Охриѓани новиот градоначалник ќе го добијат на 5 мај во вториот круг од изборите

Од:

Првичните неофицијални податоци од денеска одржаните предвремени избори за градоначалник покажуваат дека охриѓани идниот градоначалник ќе го добијат во вториот круг од изборите закажан за 5 мај.

Според непотврдени податоци од сите обработени 88 гласачки места, ниту еден од петтемината кандидати не ги има добиено потребните 50 отсто плус еден глас од излезените гласачи на изборите така што во вториот круг влегуваат двајцата кандидати со освоени најголем број гласови, а тоа се кандидатот на СДСМ Константин Георгиески и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Митре Милошевски.

Според податоците од изборниот штаб на Георгиески, кандидатот на СДСМ добил 13.038 гласа, пред противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 10.613 гласа.

Од изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ не ги имаат обработено гласовите од сите избирачки места, меѓутоа информираат дека ќе се оди во втор круг со тоа што разликата меѓу нивниот и противкандидатот од СДСМ е околу 1.500 гласови во корист на Георгиески.

Останатите кандидати имаат мал број гласови и тоа Михаил Трендафилов Нанче 1.604, Стевче Стевоски 1.195 и Џемал Мена 560.

Она што е карактеристично за овој прв круг од изборите за градоначалник се и големиот број неважечки ливчиња, кои според непотврдени информации ги има околу илјада.

Би можело да ве интересира

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно