Охриѓанец застрелал куче, бидејќи му ги јадело патиките

Од:

Седумдесет и деветгодишен охриѓанец со пушка застрелал куче и го фрлил во река.

Според полицијата вчера наутро охриѓанецот влегол во куќата на син му и без знаење ја зел неговата пушка и испукал два куршуми кон кучето, кое што наводно му ги јадело патиките.

Првиот куршум го промашил кучето, но направил оштетување на возилото на неговиот сосед, а со вториот куршум го застрелал кучето.

Убиеното куче го фрлил во реката, која поминува во непосредна близина на неговата куќа.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија