А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Охридските матуранти по 9-ти пат дел од меѓународната матурска парада

by А1он23/05/2014 - 13:11340
Share0

Четиристотини и педесет матуранти од трите охридски средни училишта ОСУ „Св. Климент Охридски“, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и ОУТУ „Ванчо Питошески“ денеска точно на пладне на Градскиот плоштад по 9-ти пат го изиграа квадрилот од оперетата „Лилјакот“ на Јохан Штраус.

Следете a1on на Instagram Instagram

Охридските матуранти полнолетството го прославија играјќи синхронизирано со илјадници нивни врсници од Скопје, Струга, Струмица, Гевгелија и уште 60-тина градови од 11 држави од Југоисточна Европа, како дел од манифестацијата „Матурска парада“ што 13 години со ред го организира Сојузот на танчерите на Република Словенија.

Матурантите од Охрид ги поздрави градоначалникот Никола Бакрачески, посакувајќи им среќа, здравје и успех во животот, како самостојни личности да ги исполнат своите мечти во светот на возрасните.

– Пред вас е отворен патот што секој до вас поединечно ќе го осмислува, секој посебно ќе го поминува. Бидете достоинствени, но и храбри, да се соочите со предизвиците што ќе се исправат пред вас. Бидете цврсти во одлуките да напредувате во животот, само на начин што нема да ги наруши човековите етички вредности, истакна меѓу другото Бакрачески.

maturantiohrid

Би можело да ве интересира

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он02/08/2026 - 14:56

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски24/07/2026 - 12:1224/07/2026 - 12:12

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Горан Наумовски24/07/2026 - 10:55

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

Предраг Петровиќ20/07/2026 - 09:08

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Горан Наумовски19/07/2026 - 10:48

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски15/07/2026 - 20:3615/07/2026 - 20:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео