Охридскиот регион да биде на листата на светско наследство во опасност, поради нецелосно спроведување на препораките

Од:

Со фотографии од тенди и летни тераси, УНЕСКО во извештајот од мониторинг мисијата која ја спроведе минатата година во Охрид, покажува како се деградира пејсажот на света Софија. Со фотографии од приватни куќи на кои има поставени соларни панели од УНЕСКО тврдат и дека ја намалува визуелната хармонија на градскиот пејсаж. Не изостануваат ниту фотографии од куќи во стариот дел на Охрид, на кои се гледаат куќи за кои УНЕСКО тврди дека е променета конструкцијата, формите и елементите во споредба со традиционалните. Ова се само дел од примерите со забелешки, а препораки со назнака дека треба итно да се спроведат се седум, со околу 50 потточки. Поради нецелносно спроведување на препораките, експертите имаат барање, Охридскиот регион да се стави на листата на светско наследство во опасност. Овој пат, заедно со Албанија. За ова треба да се расправа на следната сесија на УНЕСКО, која не се знае кога ќе се одржи поради пандемијата од коронавирус.

„Мисијата заклучува дека акциите побарани од 2017 година не се завршени за решавање на ранливоста и заканите, тогаш идентификувани, со резултат што постепената ерозија на атрибутите не е запрена, заканувачките проекти и планови сè уште се развиваат. Затоа е евидентно дека регионот е многу ранлив заради значителни проблеми во управувањето и слабата имплементација на законската рамка. Ова доведе до несоодветни интервенции, негативни ефекти од планирањето на градот и големи предлози за проекти, сите резултираа во сериозно влошување на неговите урбани, рурални и природни пејзажи и клучните атрибути на неговиот OUV, со што се предизвика исполнување на условите за запишување на регионот на списокот на светско наследство во опасност“, стои во извештајот на УНЕСКО од 2020 година.

За граѓанската организација „Охрид СОС“ ова е резултат на континуираната деградација на културното и природното наследство. Руштењето на дивоградбите тие го нарекуваат шоу, а процесите за заштита ги сметаат за саботирани.

„Едно чудо комисии, формални документи кои некој ги плаќа, а никој не ги спроведува. Стручните лица на УНЕСКО, тоа лесно ги прозреа. Затоа, ‘мисијата заклучува дека активностите зададени во 2017 не се исполнети како би се надминале ранливоста и заканите кои беа идентификувани, постепената ерозија на атрибутите не беше сопрена, се појавуваат нови проекти и планови кои го загрозуваат доброто и дојдовме до сознанија за нови закани. Евидентно е дека, како резулат на значителни проблеми со управувањето и слаба имплементација на законите, доброто е со висок степен на ранливост. Сето тоа доведе до нессодветни интервенции, негативни ефекти врз градското планирање, предлози за проекти од големи размери што резултира во сериозно влошување на состојбата на урбаниот, руралниот и природниот пејзаж и клучните атрибути на исклучителната универзална вредност (ИУВ). Со тоа, доброто ги исполни условите за впишување на Листата на светско наследство во опасност“. Пред две години од Баку, властите, државни и локални, се пофалија дека го спасија светското наследство, но наместо тоа на терен само ги манифестираа(т) своите алчни коруптивни апетити за грабање и ништење. Ова скапо купено време го платија со плус две години деградација на Охридското Езеро, Галичица, брегот, живиот свет… Конечно, маските се симнати и можеме да го видиме вистинското лице на носителите на јавни функции“, реагираат од „Охрид СОС“.

Дел од барањата на УНЕСКО е да врати мораториумот за градење во Охридскиот регион, за да се ревидираат одлуките донесени од Охрид, Струга Дебрца. Се бара и завршување на уривањето на терасите кои се во Езерото, што е извршено само делумно. Се споменуваат и плажите, за кои се бара да се урнат сите објекти до крајот на туристичката сезона. И натаму се стои на ставот дека мора да се измени проектот за поправка на кејот „Македонија“ и негово проширување во езерото. Констатирано е дека дел од рибниците исто така влијаат негативно на езерото и се препорачува нивно затворање. За депониите Буково, Маукер, Аларуп се бара итно затворање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка