Охридскиот градоначалник бара поддршка: Да прифатиме дека дивоградби на крајбрежјето повеќе ќе нема

Од:

Процесот на рушење на дивоградби во Охрид ќе трае и можеби ќе треба да го продолжи некој друг градоначалник после мене, вели првиот човек на Охрид, Константин Георгиевски. Според него, нема потреба од одложување на рушењето по летната сезона, бидејќи законот е ист како во јануари, така и во февруари, јуни, јули. Георгиевски тврди дека се даваат максимални напори за да се поправи сликата за Охрид, а за рушењето на дивоградбите побара поддршка и од охриѓани.

„Го разбирам интересот на јавноста и на медиумите во врска со сите актуелни прашања деновиве. Но, со должна почит, би сакал да упатам еден јавен апел до сите охриѓани, до сите засегнати страни во целокупниот процес, да покажат поголемо разбирање и да дадат поддршка на мерките кои се спроведуваат и кои се во насока на сопирање на самоволието и импровизациите кои се случувале со години наназад. Даваме максимални напори да ја поправиме целокупната слика, која години наназад му нанесе големи штети на имиџот на охридскиот туризам, а најмногу во строго заштитената зона на крајбрежјето на Охридското Езеро,“ вели градоначалникот.

„Треба сите да сфатиме дека таков тип на урбанизација на крајбрежјето повеќе нема да има. Ве повикувам сите заедно да ја запреме деградацијата на уникатните аспекти на регионот, да го штитиме нашето духовно и материјално наследство и да го чуваме за идните генерации. Само така ќе може да имаме подобри услови за развој на туризмот и подобра иднина, која Охрид ја заслужува“, истакна Георгиевски.

Тој вели дека е избран за да го спроведе законот, односно да ги отстрани сите дивоградби во градот.

„Процесот на рушење кој ќе трае, кој ќе продолжи. Можеби ќе треба да го продолжи некој друг градоначалник после мене, но важно е да го трасираме патот на еден нов развој на Охрид. Во старото градско јадро, сепак, надлежностите се на Министерството за транспорт и врски и Државниот градежен инспекторат. Но, секаде, на секое друго место каде што сме ние надлежни ќе си постапиме. УНЕСКО чука на врата цела година. Чукате и вие цела година. Чука и законот. Законот е ист и во јануари, февруари, јуни и јули. Ние мора да постапиме, затоа сме избрани“, додаде Георгиевски.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски