Охридски договор – предизвик и гаранција за интеграција

Од:

Пред 15 години, потписите на тогашниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Љубчо Георгиевски, претседателот на ПДП Имер Имери и тогашните претседатели на СДСМ Бранко Црвенковски и на ДПА Арбен Џафери, значеа крај на воениот конфликт.

Преговорите, започнаа во Скопје, продолжија во Охрид, каде завршија со парафирање на документот на 10 август. Три дена подоцна на 13. август 2001 година во претседателската резиденција на Водно во Скопје беше потпишан Рамковниот oхридски договор.

Потписници на договорот, во својство на гаранти, беа и специјалните претставници на ЕУ и САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју, кои учествуваа во преговорите.

Политичкиот договор за надминување на безбедносната криза, и на почетокот беше дочекан со поделени оцени, и за цело време е употребуван за дневно-политички цели, иако се спроведени најголем дел од неговите одредби. Она што беше една од велите, санирање на меѓуетничките односи, се вратија во нормала, со мали „излети“ во овие 15 години, кои се главно инспирираи од коалициските партнери на власт од двата политички блока.

По повод 15-годишнината од потпишувањето на договорот, Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор утре на Попова Шапка ќе организира конференција на тема „Охридски договор – предизвик и гаранција за интеграција”.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Охридскиот договор овозможи континуиран развој на општествената кохезија

Ахмети по повод 22 години од Рамковниот договор: Повикувам на единство и обединување околу европскиот фронт

Дваесет и две години Охридски рамковен договор

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Прославата за 20 години од Охридскиот рамковен договор се претвори во партиска забава

А1он

Борел: Иднината на Северна Македонија и целиот Западен Балкан е во ЕУ

А1он

Солана: Сигурен сум дека многу скоро ќе ги почнете формалните разговори со ЕУ

А1он