ВРЕДИ: Придобивките од Охридскиот договор се посилни од обидите за негова приватизација

Од:

Денот на одбележувањето на Охридскиот Рамковен Договор конечно ја доби својата вистинска и институционална форма. Овој историски момент, кој претставува најголемо достигнување на албанскиот народ во Северна Македонија, конечно е ослободен од канџите на поединци кои со години го користеа за исполнување на своите лични желби и за присвојување на богатството на народот, велат од ВРЕДИ.

– ДУИ, со својата политичка ароганција и долгогодишно владеење, сè уште мисли дека може да присвои секое достигнување на албанскиот народ. Со ароганција се осмелија да организираат паралелен настан за овој значаен ден, спротивно на бројните повици да не го делат народот за овoj настан што треба да нè обедини сите.

Тие секогаш кога зборуваат за „Охридскиот договор“ и се обидуваат да наметнат теми за легитимитет, треба да се разбере дека е обид да се оттргне вниманието од нивните корупциски скандали и одговорноста за нивниот 22-годишен режим. Тие се обидуваат да ја прикријат својата минато преполна со корупција, криминал и лошо управување.

Со доаѓањето на Коалицијата ВЛЕН на власт, повеќе нема „Арберија Дизајн“ за организирање на Охридскиот Рамковен Договор за стотици илјади евра.Со доаѓањето на Коалицијата ВЛЕН на власт, повеќе нема лични желби, веселби и несериозност со единствена цел – збогатување. Со доаѓањето на Коалицијата ВЛЕН на власт, заврши времето на неодговорност. Со доаѓањето на Коалицијата ВЛЕН на власт, заврши ароганцијата на власта кон народот. Времето на презир и присвојување на достигнувањата на албанскиот народ од оние кои ги искористија за свои интереси заврши засекогаш.

Коалицијата ВЛЕН е решена да ги промовира вредностите и достигнувањата на албанскиот народ со чест и одговорност, заштитувајќи ги интересите на граѓаните и борејќи се против секоја форма на корупција и злоупотреба на власта, се вели во соопштението од коалцијата ВРЕДИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме, наместо него, во центарот на Тетово знамето на Вергина

Горан Наумовски

Ахмети: Европска Македонија се гради со еднаквост, а не со намалување на нечии права

Горан Наумовски