Охрид нема да ги врати ингеренциите, туку дивоградбите ќе ги руши заедно со Владата

Од:

Општина Охрид соопшти дека досега нема испратено официјално барање до Владата во врска со изземање или отстапување на ингеренции во одредена сфера од работењето на локалната самоуправа. Тие очекуваат дека заеднички со Владата преку плански и стартешки пристап ќе ги решаваат сите препораки на УНЕСКО и дека ќе ги поправат сите грешки од минатото, за кои тврдат дека биле направени од претходните власти.

„Целта е на наредната сесија на Комитетот за светско наследство, конечно да биде отстранета опасноста за ставање на Охридскиот регион на листата на заштитени подрачја во опасност“, велат од општината.

Oттука истакнаа дека во моментов нивните служби, вршат поединечна ревизија за секој предмет кој е дел од Регистарот на дивоградби и поеднечно ќе се носат одлуки за понатамошно постапување.

Претходно вчера, премиерот Зоран Заев изјави дека Охрид не може да се справи со дивоградбите и рече дека градоначалникот Константин Георгиевски сака да ги отстапи ингеренциите поврзани со урбанистичкото планирање, односно легализацијата и рушењето на дивоградбите.

„Ингеренциите се одземаат во согласност со законот. Слушнав дека и Охрид сака да ги отстапи ингеренциите. Државата ќе ги земе ингеренциите заради обврска. Обврската е средување на Охрид и Охридскиот Регион, односно ставање крај на девијантните појави таму. Ние ќе бараме компании што ќе ги извршат налозите, односно отстранување на дивоградбите што не може да бидат легализирани. Интеграциите може да бидат одземени само во согласност со законот“, рече вчера премиерот Заев.

Во градот има над 1000 дивоградби, за кои инспекциските служби имаат констатирано прекршувања. Од нив, вкупно 409 се лоцирани во заштитен појас, односно на крајбрежјето на Охридското Езеро, во потегот на Националниот парк „Галичица” и во Стариот дел на градот.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Во 2025 година никнале 911 дивоградби

Катерина Ѓуровски