Охрид очекува солидна посетеност за престојните Велигденски празници

Од:

Убавото време што го предвидуваат метеоролозите, како и продолжениот викенд одат во прилог на очекувањата на охридските туристички работници за добра посетеност на Охрид за престојните Првомајски и Велигденски празници.

Туристичките агенции во градот очекуваат задоволителна посетеност, а најбројни и овојпат ќе бидат домашните гости, како и туристите од земјите од опкружувањето, иако ќе има и гости од европските држави. Најбројни и овојпат се очекува да бидат гостите од Србија, Албанија, Грција и Црна Гора, од Турција. Традиционално интерес за посета на Охрид постои и во Бугарија иако кога станува збор за туристите од нашиот источен сосед туроепраторите кои ја нудат Македонија и Охрид за празниците бележат релативно слаба заинтересираност на бугарските гости за нивните аранжмани.

Охридските хотелиери се свесни дека Велигден е пред се семеен празник и поради тоа проценките на некаква половична исполнетост на сместувачките капацитети за празницитес, но истовремено оптимистички расположени дека поради продолжениот викенд оваа година посетеноста ќе биде подобра во споредба со претходно, за што потврда се веќе примените резервации.

Кога станува збор за организираните посети на Охрид, последните информации од сместувачките капацитети односно хотелите на Охридската ривиера покажуваат дека нивната исполнетост засега се движи некаде околу 50 проценти што значи дека останува да се надеваат на гости кои во последен миг ќе се решат празниците да ги минат во Охрид.

Слична е и состојбата со приватните станоиздавачи, каде нема најави за особен интерес за претстојните празници, иако по традиција Охрид секогаш бил солидно посетен за Велигденските празници, во најголем број со гости од земјата пред се оние кои имат свои станови во градот и туристичките населби.

Директорот на хотелот „Силекс“ Тоше Чочороски смета дека Охрид ќе биде солидно посетен, со гости претежно од опкружувањето.

– Мислам дека во однос на други години Охрид ќе биде многу посетен. Гостите претежно се од опкружувањето, веќе имаме сериозни најави и повфтдени резервации од Бугарија и од Грција и се надевам на нивно целосно реализирање. Според досегашната ситуација, сметам дека Охрид ќе биде исполнет со гости од повеќе држави и ќе се создаде празничен амбиент како  впрочем што е секоја година, рече Чочороски.

Како координатор на ХОТАМ за саемското претставување во Скопје, Чочороски истакна дека хотелите на охридско-струшката ривиера се целосно подготвени за празниците и престојната летна туристичка сезона, со тоа што годинава покрај редовните услуги се нудат и организирани и дополнителни анимации, односно организирани прошетки до манастирите.

– Сметам дека гостите ќе бидат задоволни и ќе почувствуваат еден поинаков Велигден односно празник, рече тој.

Кога станува збор за нашите гости односно туристите од Македонија, претставниците на туристичките агенции сметаат дека интересот за посета на Охрид постои, а тој особено е голем за велигденските празници.

За гостите од Србија Охрид секогаш претставувал посакувана туртистичка дестинација, што секогаш е потврдена со бројноста на туристите од северниот сосед. Србија години наназад го држи приматот на листата според бројот туристи кои доаѓаат во Охрид.

– Познавам многу луѓе кои воопшто не одат на море, туку во Охрид. Причина за тоа е непоостоењето јазична бариера, гастрономската понуда е одлична, имаме слична кујна, а тоа се столбовите на туризмот. Охрид е град на добрата забава, има убава клима, така што не можете да ги загубите деневите од одморот, вели Весна Наѓ од Туристичката организација на Белград.

По однос главната туристичка сезона, охридските туристички работници со просечни очекувања, а и оваа година како и минатата најмногу туристи се очекуваат да пристигнат од државите на Бенелукс.

На охридскиот аеродром во петокот пристигна првата тура туристи од Холандија, кои тука ќе се одмараат преку аранжманите на тур-операторот „ТУИ Аркефлај“. Заедно со тур-операторот „Корендон“, двете агенции во текот на летната туристичка сезона ќе реализирааат вкупно 114 чартер-лета со туристи од државните на Бенелукс, при што се очекува во сезоната 2013 на Охридската ривиера да летуваат околу 20 илјади холандски туристи.

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Трајков со очекувања за зголемување на вкупниот број туристи, како од Холандија така и на вкупниот број гости кои ќе летуваат во Македонија.

– Мислам дека направивме извинредна промотивна кампања, преку учество на 12 меѓународни туристички саеми. Изготвивме нов пропаганден материјал, нови  брошури направени на 13 јазици. Она што агенцијата го работи веќе цел месец е интензивна кампања за електронска промоција преку „Гугл“, а почнуваме и промотивни кампањи на нашата туристичка понуда преку Интернет, како и принтани медиуми односно билборди во 15-тина земји, рече Трајков.

Тој изрази уверување дека вкупниот број туристи од странство кои ќе летуваат во Македонија оваа година ќе биде поголем во споредба со лани, со оптимистички најави дека бројот туристи кои ќе летуваат во Македонија ќе ја надмине бројката од 400 илјади.

Би можело да ве интересира

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион