ФОТО: Охрид се блокира од 20 сантиметри снег

Од:

Првиот снег е одличен показател во каква држава живееме. Малку снег направи вистинска непогода во цели делови на државава, што покажа дека таа воопшто не функционира ниту може да се справи со најмали врнежи од снег. Што би се случило доколку Македонија ја зафати снежна бура како во другите држави?

ohrid29dek (1)

Сликата во Охрид беше хаотична. Чистењето на улиците и паднатите дрвја одеше доста спорот. Во утринските часови не беа исчистени улиците во центарот на градот додека некои од населбите останаа неисчистени и преку целиот ден.

ohrid29dek (2)

Низ градот можеше да се видат паднати дрвја, бандери, скинати кабли како и огромни количини снег околу патиштата. Во некои делови, граѓаните оставени од јавните претпријатија, мораа сами да се снаоѓаат и да ги чистат патиштата.

ohrid29dek (3)

И денеска Охрид, во поголемиот дел од денот беше без напојување со електрична енергија. Дел од институциите воопшто не работеа, а училиштата ги ослободија учениците од настава.

ohrid29dek (8)

Дури доцна попладнево, околу 17:30 Охрид доби струја и не се знае дали во текот на вечерта повторно ќе биде прекината. Тешко можеше да се најде и леб.

ohrid29dek (4)

Градоначалникот Бакрачески на прес – конференција околу 14 часот рече дека се труделе состојбата во градот да ја нормализираат и направи споредба со градот Њу Јорк односно дека и таму се случувало некогаш граѓаните со саати да немаат електрична енергија и да не можат да ги извршуваат своите обврски.

ohrid29dek (10)

Тој истакна дека во текот на вечерта екипи работеле на расчистување и на пробивање на патот од Охрид за Кичево на превојот Пресека.

ohrid29dek (5)

Исто така, нагласи дека екипи на јавните претпијатија работеле и на расчистување на патиштата до охридските села.

ohrid29dek (6)

Охрид докажа дека не може да се справи со вакви ситуации. Многу од граѓаните денеска беа бесни, потенцирајќи дека градот не може да одговори на 20 сантиметри снег, а што да се очекува ако има повеќе?

ohrid29dek (7)

Истовремено Струга повеќе од 24 часа без струја, а денеска остана и без вода.

ohrid29dek (11)Ф.Ј.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

РКЕ: За трговија и снабдување со струја ќе треба гаранција од 100.000 евра

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 26 февруари 2026 изнесува 87,06 евра за мегават час, на МЕМО 41,27 евра за мегават час