Охрид го стопираше уривањето на дивоградбата откако сопствениците поради трошоците побарале сами да ја отстранат

Од:

Општина Охрид почна со уривање на дивоградбата во Горно влашко маало на улицата Марко Несторовски, но активностите запреа откако сопствениците најавиле дека сами ќе го отстранат остатокот од објектот. Според Општината, постои ваква законска можност, но најавија дека ќе изготват и трошковник за рушењето од изминатите денови.

„Сопствениците на нелегално изградениот објект ја искористија законската можност, поради поголемите трошоци, остатокот од дивоградбата да го отстранат сами во определен рок. Ние го поздравуваме овој потег и апелираме до другите граѓани и правни лица да го следат овој примен, бидејќи уривањето и натаму ќе продолжи, но и ќе се интензивира“, велат од Општина Охрид.

Уривањето на дивоградби во Општина Охрид почна во петокот. Работници придружувани со екипи на полицијата го отстрануваа објектот, откако претходно и покрај донесеното решение за забрана на изведување градежни работи, инвеститорот и натаму градел.

Неофицијално, според извори на „А1он“, изведувач на градбата е фирмата „Нефи ИК“ во сопственост на советникот Нефи Усеини. Жолтата лента поставена пред објектот од страна на инспекторатот била отстранета, а потоа било продолжено со градба.

Во Охрид се идентификувани 1.076 дивоградби, а во заштитеното централно подрачје 409. Меѓу нив е и пицеријата и бетонската база на охридскиот советник Нефи Усеини.

Од Општина Охрид велат дека имаат распоред и знаат која ќе биде следната градба што ќе се урива, а известувањето, како и претходно, ќе биде објавено на нивната веб-страница.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on