Огранокот на ДУИ го промовираше носителот на листа во Куманово

Од:

Локалниот огранок на ДУИ синоќа отвори штаб во Куманово и официјално ја започна кампањата за локални избори.

Претседателот на општинскиот изборен штаб, Илир Саити во изјавата за медиумите, истакна дека членството, симпатизерите на партијата, раководството очекуваат да го повторат резултатот од претходните локални избори и дека и оваа кампања како и претходните ќе ја водат како и досега во фер, демократска атмосфера, а поддршката ќе ја бараат преку промоција на проекти.

Тој нагласи дека на овие избори настапуваат само со советничка листа, а дека ќе го поддржи кандидатот за градоначалник од СДСМ, Максим Димитриевски, како што СДСМ ќе ги поддржи кандидатите на ДУИ во Чаир, Гостивар,Тетово и други општини.

Носителот на листата, на ДУИ во Куманово, Фатмир Идризи рече дека ќе работат на подобрување на животот на граѓаните со поддршка на проекти од областа на инфраструктурата и оти целосно ќе се заложат за фер и демократски изборен процес.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата