Сопружници од Куманово ограбени во нивната викендица

Од:

Вчера во селото Шупли Камен, кумановоски, непознато лице со закана со пиштол ги нападнало С.Т. (56) и неговата сопруга В.П. (58) во дворот од нивната викендица.

Напаѓачот го внел С.Т. во викендицата, по што му ги врзал рацете и нозете со самолеплива лента и одзел паричник кој бил на масата, а во кој имало 300 денари и лични документи. Од викендицата тој одзел и два мобилни телефони, а на крајот го одзел и нивното возило „Опел астра“, каде што имало паричник со околу 500 денари и лични документи.

На местото увид извршила екипа од СВР-Куманово и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане