Ограбена обложувалница во Скопје, украдени 5.000 евра

Од:

Вчера вечер, околу 20,00 часот, во Скопје на бул.„Партизански Одреди“ во спортската обложувалница „Бет Сити Балкан“ лоцирана во ТЦ „Лептокарија“, од страна на  маскиран и вооружен сторител  извршено е  разбојништво над вработените С.Н. (34) и М.С. (23) од Скопје.

Сторителот откако влегол внатре заканувајќи се со пиштол од вработените побарал  пари, по што откако одзел околу 300.000 денари го напуштил местото на настанот и се оддалечил во непознат правец.

Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Би можело да ве интересира

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска

Крадела новчаник од пациентка во болницата во Тетово, 42-годишна жена фатена на дело

Анита Петровска Рајковиќ

Полицијата расчисти пет тешки кражби во Битола

А1он