Ограбена црквата во гостиварското село Беличица

Од:

Тешка кражба на икони и пари во црквата „Св.Никола“ во селото Беличица, општина Маврово-Ростуше се случила деновиве, информираа денеска од СВР-Тетово.

Од СВР – Тетово појаснуваат дека случајот го пријавиле жители на ова село, кои престојувале таму, кои забележале дека бил скршен катанецот на влезната врата по што повикале полиција.

Според првичните информации од олтарот недостасуваат дваесетина парчиња дрвени икони. Во пленот на крадците имало и помала количина пари, кои верниците ги донирале.

Екипа од СВР Тетово, врши увид на местото и утврдува што недостасува и поединости околу последната, од серијата кражби во верски објекти на поширокиот гостиварски регион.

Од почетокот на годинава, мета на крадците беа и црквите во селата по долината на Радика. Во Тресноче од црквата „Св. Петар и Павле“, беа украдени 29 стари и вредни икони, а од црквата „Св. Ѓорѓија“ во Лазарополе беа украдени 34 икони.

Би можело да ве интересира

Четворица крадци пустошеле низ Боговиње: однеле пари, злато и оржје, штетата е 250 илјади евра

Грабеж во Белград – од куќа украден сеф со злато и 400.000 евра

А1он

Уапсен e осомничениот за нападот со нож во банка во Регенсбург

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Германија: Вработен во банка почина по напад со нож, заложничката драма продолжува

Горан Наумовски

Драма во германска банка: Вооружен крадец зема заложници, неколку лица се повредени

Разбојници со пиштоли упаднаа во куќа во Загреб – малолетник ги избрка

А1он