Ограбена црквата „Свети Илија“ во струшко Радожда

Од:

Предмети од резба и црковна опрема се украдени од црквата „Свети Илија“ во струшкото село Радожда.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски го потврди случајот посочувајќи дека според првичните сознанија парите не биле цел на грабежот.

– Според првичните информции пари не се земани. Украдени се предмети од резба, црковни царевни двери и други црковни предмети, изјави Димоски.

Вратата од црквата, како што појасни Димоски, насилно била скршена.

Полицијата врши увид и презема мерки за откривање на сторителите, а повеќе детали се најавуваат за утре.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари