Ограбена црква во дебарско Долно Мелничани

Од:

Во дебарското село Долно Мелничани е ограбена црквата „Воведение на Пресвета Богородица-Света Пречиста“.

– Украдена е големата икона на Света Богородица од исконостасот, две целивни икони, како и царевите двери. Полицијата е известена и во тек е увид по што целосно ќе се знае се што е однесено, изјави Благоја Спироски, намесник на Дебарската парохија.

Според него, кражбата ја забележале жители од Дебар, кои по потекло се од ова село, кога утрото дошле да запалат свеќи.

Во тек е увид од страна на екипа на дебарската полиција. Црквата е стара неколку века, а обновена е во деветнаесеттиот век.

Би можело да ве интересира

Уапсен e осомничениот за нападот со нож во банка во Регенсбург

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Германија: Вработен во банка почина по напад со нож, заложничката драма продолжува

Горан Наумовски

Драма во германска банка: Вооружен крадец зема заложници, неколку лица се повредени

Разбојници со пиштоли упаднаа во куќа во Загреб – малолетник ги избрка

А1он

(ВИДЕО) Вирална снимка од Лондон: Крадци ограбија златарница сред бел ден

Грабеж на векот во Германија: Украдени 90 милиони евра од банкарски сефови