(ВИДЕО) Меџити: Груби и Османи имаат најслаби резултати во Владата, поради нив расте рејтингот на опозицијата

Од:

Нашите забелешки не беа разгледани во партијата и затоа се обраќаме директно на членството преку медиумите, истакна Изет Меџити, предводник на огнената група во ДУИ која го изрази незадоволството од работењето на своите министри во Владата.

– Од владата бараме одговорност за неефикасното работење. Артан Груби и Бујар Османи ги имаат најслабите резултати во Владата и првпат рејтингот на албанската позиција го надмина рејтингот на ДУИ – рече Меџити.

Во огнената група во Демократската унија за интеграција (ДУИ) се пратеникот Изет Меџити, градоначалниците на општина Сарај и на Чаир, Блерим Беџети и Висар Ганиу, како и Муса Џафери.

Во новото претседателство што го предложи Ахмети, беа избрани и членовите на ова група кои неодамна изразија незадоволство од работата на владата, особено од вицепремиерот Артан Груби.

Од оваа група за потпретседател на ДУИ беше избран Изет Меџити, а Блерим Беџети беше избран за организациски секретар.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата