„Огнената група“ на ДУИ демантира дека ќе се приклучи кон Беса

Од:

Незадоволните во ДУИ, кои во јавноста се познати како „Огнена група“, а кои од минатата сабота функционираат како фракција во партијата, ги демантираат шпекулациите дека ќе преминат во Движењето Беса, соопшти вечерва од групата.

Од групата посочуваат дека веста оти ќе се приклучат кон Беса, која ја објавија дел од македонските медиуми, е невистина, притоа најавувајќи дека во наредниот период ќе се интензивира „борбата за демократизација, транспарентност, воспоставување на принципот меритократија и отчетност во рамките на Демократската унија за интеграција“.

– На Огнената група на која и даваат поддршка една третина од гласачите на ДУИ не и е местото надвор од ДУИ, туку треба да отстапат тие кои немаат ниту гласачи, ниту реализирани проекти, со што ќе се создаде место за млади подготвени и компетентни кадри кои ја знаат и ја сакаат ДУИ, се посочува во соопштението.

Дел од медиумите, повикувајќи се на неименувани извори, објавија дека т.н. „Огнената група“ од ДУИ ќе стане дел од Беса, за што во тек биле разговори и средби. Според истите информации, од Беса поставиле услов „Огнената група“ на ДУИ право да се трансформира во политичка партија, па потоа да им се придружи.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме, наместо него, во центарот на Тетово знамето на Вергина

Горан Наумовски

Ахмети: Европска Македонија се гради со еднаквост, а не со намалување на нечии права

Горан Наумовски