Оглас за иницијативи за урбанистички планови во Куманово

Од:

Општина Куманово објави јавен повик за доставување иницијативи за изработка на урбанистички планови. Повикот ќе трае до први април годинава.

– Предмет на иницијатива може да биде донесување нов урбанистички план или измена и дополнување на постоечкиот урбанистички план со образложение за барана измена и предлог на плански опфат од подносителот на иницијативата, информираше денеска раководителот на секторот за урбанизам, Лидија Ланг Спасовска.

Заинтересираните правни и физички лица треба да ги достават иницијативите согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање. Средствата за прифатените иницијативи за изработка на потребната документација ги обезбедуваат подносителите на иницијативите .Вакви објави согласно позитивната законска регулатива се објавуваат два пати годишно. Следниот повик ќе биде објавен во септември годинава.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски