Оган и експлозии на Галичица, исцрпени доброволци со денови се борат со огнот

Од:

15 волонтери на планинската спасителна служба при Црвен Крст и Алпинистичкиот клуб Патагонија од Охрид заедно со девет припадници на ренџерската служба на Националниот парк Галичица, од самиот почеток на пожарот се во постојана битка со огнената стихија која веќе 10 дена беснее во високите предели на Галичица.

Повремено поткрепени и со тимови на ТППЕ ОХРИД И РЕСЕН, ДЗС, како и со доброволци од локалното население, во изминативе 10 дена се обидуваа да го стават под контрола пожарот во високите планински предели на над 2000 метри надморска височина каде пристапот е возможен само со пешачење од најмалку 2 часа, а во неколку наврати беа транспортирани и со хеликоптер на МВР.

Големината на огнениот фронт, тешко пристапниот терен, неповолните временски услови, како и големиот број детонации од неексплодирани гранати, не дозволија локализација на пожарот во високата зона и истиот навлезе во буковите шуми на исток, запад, и север.

Последните три дена волонтерите сместени во планинската куќа Спиридон, постојано се на терен и 24 часа го контролираат развојот на пожарот со цел подготвување на подобар план за делување следниот ден. Во моментот се делува со рачно обезбедување на заштитни појаси во шумските предели со цел заштита на што е можно поголем шумски фонд, за што дополнително се вклучени и поголем број на дороволци, планинари и ловџии од Охрид и од Ресен. Денес дејствуваа и два воздухоплови кои им помогнаа на тимовите во навистина тешката битка. Иако веќе исцрпени волонтерите на планинската спасителна служба со три теренски возила и едно специјално транспортно возило како и со логистика во храна и вода за сите учесници во гаснењето ан пожарот обезбедена од сопствениот скромен буџет и неколку компании донатори остануваат на терен се до конечното гаснење на огнот, информираат од ЦУК.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Депонијата „Дрисла“ гори, од пожарот се испушта поголема количина густ чад кој се чувствува и во пошироката околина

ЦУК: Активни се четири пожари, два се под контрола, а изгаснати се 23 пожари

Активни се четири пожари на три локации во земјава

Томевски: Десет противпожарни возила го гасат пожарот во депонијата „Дрисла“ кој избувна попладнево

Ангелов: Постојат сомненија дека пожарот во „Дрисла“ е предизвикан намерно

Опожарени се помошни простории на викендица во вчерашниот пожар кај Раштак