По низата реакции во македонската јавност но и во странските медиуми дека со налепница се покрива знакот МК на возилата кои имаат нови регистерски таблички, се огласи Канцеларијата за врски на Грција во Скопје.
„Влегувањето на возилата на ваков начин е регулирано од страна на практичните мерки во врска со Привремената спогодба и договорена од двете страни. Според овие мерки, по влегување на приватни возила со “МК” знак во Грција, грчките власти на слободен простор на задната шофершајбна ќе залепат самолеплива налепница со која се наведува грчката резервација во врска со овој код. Грчките царинскиот органи целосно ја спроведуваат оваа Регулатива, ставајќи навистина налепница, но не на регистерските ознаки“, е одговорот на Канцеларијата за врски на Република Грција во Скопје.
Гласини за надоместок за налепница се нeосновани, објаснуваат од Канцеларијата за врски и додаваат дека граѓаните на поранешна југословенска Република Македонија се добредојдени во Грција, а обидите да се обесхрабрат од посета на Грција, се контрапродуктивни.