Официјализирање на албанскиот јазик и интеграции за коалиција со ДУИ

Од:

Партијата од албанскиот блок што освои најмногу пратенички мандати на предвремените парламентарни избори одржани на 11-ти декември, Демократска унија за интеграции ќе коалицира со онаа партија од македонскиот блок која ќе вети исполнување на петте ветувања што ДУИ ги даде пред електоратот.

„Демократската унија за интеграции има целосен легитимитет да ги претставува Албанците во Собранието и да преговара со кого сака за состав на нова влада. Во коалиција ќе влеземе само со онаа партија која ќе се согласи да ги исполниме петте ветувања што ги дадовме до албанското гласачко тело“, изјави Бујар Османи во емисијата „Клик Плус” на ТВ 21.

Инаку, ова е 11-та победа по ред по формирањето на партијата во 2002 година.

„Ќе преговараме со било и да е партнер од можните коалиции, само врз основа на петте ветувања од нашата платформа – официјализирање на албанскиот јазик, пропорционална распределба на Буџетот, решение за спорот околу името, интеграција на Македонија во НАТО и инфраструктурното поврзување на териториите населени во поголемиот дел со Албанци. Ова се условите кои ги има ДУИ, за да влезе во коалиција“, изјави Османи.

Ермира Мехмети, досегашната пратеничка на ДУИ деновиве изјави дека ДУИ е морален губитник на изборите поради тоа што не се противеле на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, па според неа, ДУИ треба да се реформира и засега да остане во опозиција.

„На прстите од една рака можат да се избројат луѓето од ДУИ кои се за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Мехмети.

Експерти сметаат дека по прогласот на ВМРО-ДПМНЕ и говорот на Никола Груевски, лидерот на партијата, пред партиските приврзаници на протестот пред ДИК, позициите на ДУИ во однос на продолжување на старата коалиција повеќе од сигурно е дека се малку поместени. Сметаат дека ДУИ тешко ќе може да ја оправда антизападната реторика на Груевски, ако се знае дека интеграциите се клучен дел од платформата на ДУИ, пишува Макфакс.

Би можело да ве интересира

„Вреди“: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде изграден во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“

A1on

ДУИ: Милиони евра за компанија поврзана со најблискиот круг на Изет Меџити – граѓаните заслужуваат одговори

ДУИ: Компанија основана во јули 2024 добила над 3,4 милиони евра од Општина Чаир

Горан Наумовски

ДУИ: Законот за употреба на јазиците не се применува доследно

ДУИ: Катастарот ја открива имотно-правната врска меѓу Висар Ганиу и Недим Рама, седум викенд-објекти на иста парцела

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ