Оер: Политичката ситуација во Македонија загрижува

Од:

Политичката ситуација во Македонија загрижува, но таа не треба да ја спречи земјата и граѓаните да ги третираат вистинските проблеми. Не велам дека политичката ситуација не е вистински проблем, меѓутоа постојат и други работи коишто се однесуваат на иднината, а една од нив е и животната средина, изјави француската амбасадорка Лоренс Оер.

Одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на семинарот за управување со водите, француската амбасадорка рече дека сите треба да работат заедно, односно за заедничкиот интерес.

– Она што е важно е дека македонската држава и политичките партии се одвоени. Овде сме задолжени да работиме за заедничкото добро, односно генералниот интерес, рече Оер.

Таа додаде дека една од важните работи се и медиумите кои треба да бидат транспаретни и да работат во нормални услови.

– Вие треба да можете да може да ја вршите вашата работа. Како амбасада имаме учествувано во набљудувањето на изборите и ќе продолжиме на учествуваме во сите тие настани. Во секој случај треба како медиуми да може да ја вршите вашата работа и ве поттикнуваме да бидеме транспаретни и да работите во нормални услови, рече Оер. 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

(ВИДЕО) СДСМ: Експлозија на бомба во дворот на вработен во МВР

А1он

Во Атина уапсен маж кој планираше со бомба да убие екс обвинител

А1он

Поднесено обвинение против осомничените за фрлање бомба врз куќата на Здравко Чолиќ

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

Уапсен e маж под сомнение дека тој ја фрли бомбата во куќата на Здравко Чолиќ

Горан Наумовски