Одземени шест возила со кои се вршел нелегален транспорт на патници

Од:

Во текот на денешниот ден Државниот инспекторат за транспорт при Министерството за транспорт и врски во соработка со Министерството за внатрешни работи, спроведуваат акциска контрола на превозот во патниот сообраќај.

При извршената контрола во согласност со Законот за превоз во патниот сообраќај утрово времено беа одземени 6 возила со кои бил вршен нелегален превоз на патници. Акцијата била спроведена на локации во близина на градовите Велес, Штип и Куманово.

Согласно Законот за превоз во патниот сообраќај предвидена е глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност за лица кои вршат јавен превоз без соодветни дозволи и без лиценца. Освен предвидената глоба, предвидено е времено одземање на возилото што било користено за превоз на период од шест месеци до една година.

Акциската инспекциска контрола во патниот превоз континуирано се одвива во сите градови во Република Македонија со цел воведување на ред во превозот во патниот сообраќај и доследно почитување на законските прописи.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска