Одземени пиротехнички материјал и четири возила при претреси во кавадаречко

Од:

Запленети се пиротехнички материјал и неколку возила, при претрес од страна на полицијата во кавадаречко. Против сопствениците на возилата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, потврди за МИА портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.

Тој појасни дека акцијата се одвивала на 23-ти овој месец, по наредба на Основен суд Велес. При претрес во возило марка „форд мондео“ сопственост на 48-годишно лице од кавадаречкото село Бегниште, биле пронајдени 15 пакети од по 100 петарди марка „пират“, 21 пакет со по 60 петарди „вогел“, девет петарди „виг ванг Т 189“, 115 рекетки „трипл вистлинг мун травијал“, две ракети „меџикал шотс 20 ц“, четири ракети „меџикал шотс 10“.

– Во патнички автомобил марка „југо скала 101“ управувано од 53-годишен кавадарчанец, биле откриени и одземени пиротехнички средства „мини триангле“ 57 парчиња, огномет факел 23 парчиња, огномет „меџикал шотс мц 10“ 42 парчиња, огномет „меџикал шотс мц 20“ 36 парчиња, огномет „меџикал шотс мц 30“ 21 парче, петарди „пират“ 1237 парчиња, соопшти Додевски.

При претрес во патнички авотомобил марка „форд мондео“ управуван од 35 годишен кавадарчанец, пронајдени биле 20 петарди „триангле“ 20, 31 „силвер кракер“, 13„магнум 2“, девет „кобра 177“, 10 „зебра“, по 60 „пират“ и “вогел”, 36 летечки и девет петарди рафал.

– Во патнички автомобил „фиат пунто“ управуван од 41-годишен жител на Кавадарци, пронајдени биле седум гранати „боне“, 144 летачки петарди, десет петарди „кобра 1“, сто петарди „пират“, 50 петарди „биг банг“, 200 петарди „пират три шлаг“, 36 петарди „силвер кракер“, стопетарди „пират 5х“, триангл 40 парчиња, 80 петарди рафал, 24 ракети, 168 мали пеперутки и 48 големи пеперутки, додаде Додевски.

Би можело да ве интересира

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак

Доживотен затвор за братоубиство во Кавадарци

А1он