А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: Мери Јордановска
Македонија

Одземени пасошите на Ременски и на таткото на Боки 13

by Мери Јордановска10/10/2019 - 15:2011/10/2019 - 10:29892
Share0

На пратеничката Фросина Ременски и на таткото на Бојан Јовановски – Боки 13, Миле Јовановски, ќе им бидат одземени пасошите, тие ќе имаат забрана да го напуштаат живеалиштето (градот Скопје) и ќе мора повремено да се јавуваат кај определено службено лице во судот. На асистентката на Миле Јовановски ќе ѝ биде одземен пасошот.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ова е одлуката на Основниот кривичен суд, откако денеска тројцата осомничени во проширената истрага за случајот „Рекет“ беа пред судија на претходна постапка. И Ременски и Јовановски по излегувањето од судот изјавија дека не чувствуваат вина за случајот и дека не биле инволвирани во нелегални активности.

За истиот случај, на заменичката на Бојан Јовановски во „Меѓународниот сојуз“, Јасна Мандиќ, вчера ѝ беше определена мерка куќен притвор.

Според обвинителството, Јовановски, Ременски, Мандиќ, таткото на Јовановски и неговата асистентка, биле вмешани во спорен трансфер на околу 720.000 евра преку две градежни фирми до „Меѓународниот сојуз“.

Следете a1on на Youtube YouTube

Според обвинителството, првосомничениот Боки 13 како претседател на невладината организација, од Силјан Мицевски, директорот на градежната фирма „Пелистер“ му извлекол огромна сума на пари само врз основа на проект за изградба на пензионерски дом во Битола. Вториот бизнисмен за кој Јовановски се сомничи дека извлекол пари на истата основа е Ардијан Амзоски, сопственик на фирмата „Дрим билдинг“.

За сето ова, тој наводно го искористил влијанието и авторитетот на Ременски како претставник на актуелната власт.

„Постапувајќи по предлог на Основнот јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за претпазливост за три лица, по претходно доставени покани, лицата во текот на денешниот ден, пред судија на претходна постапка се произнесоа во однос на предлогот. Ценејќи ги фактите и доказите во предлогот како и исказите на осомничените лица, судија на претходна постапка донесе решенија со кои го прифати предлогот и на осомничените Ф.Т.Р. и М.Ј. им определи мерки согласно член  146 ст.1 т.1,2 и 3 од ЗКП односно, Забрана зе напуштање на живеалиште односно престојувалиште, Обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице во судот и Привремено одземање на патната и друга исправа за преминување на државната граница, додека за Х.Б. мерка за претпазливост согласно член 146 ст.1 т.3 – Привремено одземање на патната и друга исправа за преминување на државната граница. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред кривичниот совет“, се вели во соопштението на Кривичниот суд.

frosina remenskikrivicen sudmegjunaroden sojuzreket

Би можело да ве интересира

Мајката на судијата Ѓоко Ристов тврди дека 350.000 евра се нејзини: Бостан, диња, пипер, ореви, се продавав

А1он08/10/2026 - 11:0608/10/2026 - 15:54

Обвинителството бара нови мерки за Дејан Јованов – Кривичен утре ќе одлучува за притворот

А1он01/10/2026 - 20:0401/10/2026 - 20:36

Фехми Стафа бара порано да го пуштат од затвор

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 13:06

Во Кривичен суд има 400 вработени помалку од предвиденото: фалат судии, поротници, административци и помошен персонал

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 11:33

„Работам без притисоци и привилегирање“ – Димовска за независноста по изборот за претседателка на Кривичен

Горан Наумовски01/09/2026 - 11:37

Двајца осомничени признале вина за шверцот на пет тони марихуана од Македонија во Србија

Катерина Ѓуровски18/08/2026 - 14:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео