Одржана повторна јавна презентација за Нацрт ДУП-от И 03 – локалитет „Мирче Мацан“

Од:

Денеска, во просториите на салата на Советот на општина Центар се одржа повторна јавна презентација на Нацрт Деталниот урбанистички план Градска Четврт И 03-локалитет „Мирче Мацан“.

Пред градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, Секторот за урбанизам на општината, како и претставници од Град Скопје, Министерство за образование и наука, ЈП „Водовод и Канализација“ и топлификационата мрежа „БЕГ“, жителите на овој дел од Скопје дискутираа и разменуваа мислења по новиот предлог ДУП.

Повторното ставање на јавна анкета на ДУП-от „Мирче Мацан“, за разлика од минатиот, е во целосна согласност со Генералниот урбанистички план на Град Скопје (ГУП), како и со законската регулатива и со постоечките правилници за градба.

„Должни сме како општина да го почитуваме Генералниот урбанистички план (ГУП). Во новиот ДУП ’Мирче Мацан’ ќе има повеќе зелени површини и ќе биде оставен повеќе простор граѓаните, со цел да не се повтори проблемот со Дебар Маало и Буњаковец. Ќе одговориме на сите барања од заинтересираните, доколку истите се реални и остварливи. Се’ она што нема да биде во согласност со ГУП-от, се нотира и ќе биде доставено како забелешка тогаш кога ќе почне да се работи ГУП-от“, изјави градоначалникот.

Присутните од градоначалникот Богдановиќ и од одговорните меѓу другото, се заложија за решавање на проблемот паркирањето во овој дел од Центар, поголеми висини на објектите, потребата од нова урбана опрема, простори за играње на деца и поголема застапеност на зелени површини.

Би можело да ве интересира

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он

Отстранет e билбордот „Добредојдовте во Скопје“

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

Ѓорѓиевски и Град Скопје велат дека снегот не ги изненадил

Катерина Ѓуровски

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски