Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство

Од:

Националното координативно тело против семејно насилство, формирано со решение на Владата на Република Македонија, денеска ја одржа конститутивната седница. Ова тело ќе има значајна улога во имплементацијата на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејно насилство, позната како Истанбулска конвенција. Координацијата на институциите и организациите кои се застапени во ова тело е од суштинско значење за доследно спроведување на обврските кои Република Македонија ги презеде со ратификацијата на Конвенцијата.

Националното координативно тело против семејно насилство има задача да ги следи и анализира состојбите со семејното насилство, да ги координира активностите на надлежните институции и здруженија и да предлага мерки за унапредување и имплементација на националните политики.

Покрај претставници на Министерството за труд и социјална политика во ова тело партиципира и Министерството за здравство, Министерството за внатрешни работи, Министерството за образование и наука, пратеници во Собранието на РМ, претставник на Канцеларијата на Народниот правобранител, судија од Основен суд Скопје 2, јавен обвинител од ОЈО и двајца претставници од граѓански организации.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска