Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Од:

На автопатот Скопје – Велес, по патарина Сопот, пред тунелите на Башино село, поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента се. АМСМ информира дека во меѓу време на истото место се случиле две сообраќајни несреќи со материјална штета. Повредени нема, а сообраќајот се одвива по една коловозна лента. На терен е испратена служба од ПС за БПС Велес.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Бил пијан и немал дозвола, Обвинителството бара притвор за возачот кој прегази пешак во Марино

Во сообраќајка кај Шабац загина братот на српскиот пејач Дарко Лазиќ

А1он

„На волан“ загина 60 годишник кај Белград – му се слоши, па удри во насип

А1он

Мајка (45) и ќерка (25) загинаа кај Шабац – несреќата предизвикана поради престигнување

А1он

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски