Одреден притвор за Нефи Усеини и неговиот брат, двајцата се во бегство

Од:

Охридскиот обвинител побарал, а судот одобрил осум дена притвор за охридскиот советник Нефи Усеини и неговиот брат, Ибро Усеини поради нападот на нивниот сограѓанин, Спире Топалоски. И двајцата се во бегство, а мерката ќе биде активирана откако тие ќе бидат лоцирани. Од Обвинителството за “А1он” велат дека мерката е побарана по сите три основи, со цел, непречено спроведување на постапката против браќата Усеини.

“Мерката е побарана по сите три основи, односно можноста за повторување на делото, влијание на сведоци и бегство”, велат оттаму за “А1он”.

Полицијата веќе изврши претрес во домовите на осомничените, но не ги пронајде нив бидејќи и двајцата се во бегство. Исто така, одземени се и снимките од објектот каде се случил инцидентот, а од нив е констатирано дека бил употребен пиштол во нападот на Топалоски.

Нападот на Топалоски се случи пред два дена пред познат охридски хотел. Според сведочењето на нападнатиот за „А1он“, Усеини заедно со брат му и уште две лица прво му извадиле пиштол на него ни неговото малолетно дете, за потоа, со оружјето да го маваат по глава.

„Сега сум решен, или ќе ме убие или ќе го убијам. На дете 14-годишно, на син ми, пиштол му извади. Жена ми плаче, мајка ми плаче. Око за око, заб за заб. Или државава да преземе нешто за овие што го пустошат цел град или ќе одам до крај за тоа што на детето мое му извади пиштол. Еден криминалец не може да тероризира секого и секогаш тој да е во право. Цел сум со дупки“, изјави Топалоски за „А1он“ дента кога се случи инцидентот.

Ова не е прв инцидент во кој учествувал советникот Нефи Усеини. Усеини во април минатата година спречи инспектор да изврши увид на дивоизградената тераса кај Чинарот, а притоа и му се заканувал. Обвинителството отвори предмети два месеца потоа, односно неколку дена пред Усеини да го натепа советникот во Општина Охрид, Џемал Мена, среде седница.

Охридскиот советник е ослободен од еден случај, за физичкиот напад на професорот Илјаз Илјази кој беше натепан пред неговото престојувалиште во Охрид. Обвинителството кажа дека не знае за настанот, односно не добило пријава од СВР Охрид.

Инаку, по повеќе од година, сите предмети отворени против Усеини во охридското Обвинителство, тапкаат во место. Оттаму последно кажаа дека поради пандемијата, обвинителите работат само на итните случаи, а додека, предметите кои се во редовна постапка како оние за Усеини, ќе се разгледуваат во наредниот период откако ќе се врати нормалното работење на Основното јавно обвинителство Охрид.

Би можело да ве интересира

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Притвор за двајцата приведени за убиството на лекарот во Железара

Анита Петровска Рајковиќ

Лазаревска: СДСМ бара одговорност за отстранувањето на спомен плочата од НОБ во Охрид, Пецаков да не молчи

Таткото на Вања останува во притвор – Врховен му ја одби жалбата

Притвор за осомничен кој во повеќе наврати силувал 14-годишна девојка во Битола

Орце Костов

Левица: Нефи поддржан од Пецаков ја отстрани спомен плочата на НОБ во Охрид