Одобрено склучувањето на договорот за изградбата на коридорите 8 и 10 д

Од:

Владата на денешната седница го одобри склучувањето на Договорот за изградбата на коридорите 8 и 10 д.

-Владата, на предлог на Комитетот за преговори за склучување на Договорот за градење на Коридорот 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и Проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, го одобри склучувањето на договорот со избраниот стратешки партнер, конзорциумот Bechtel и Enka, предвидено за утре. Со тоа ќе се овозможи почеток на изградбата на овие важни проекти и реализација на оваа многугодишна стратешка определба за инфраструктурно поврзување на Република Северна Македонија со регионот, што ќе придонесе и во економскиот развој на државата, наведува владината прес-служба.

Би можело да ве интересира

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

Орце Костов

Жители на Баница ќе постават шатори за одбрана на нивите од „Бехтел и Енка“ ако Владата не ги викне на средба

А1он

Бочварски за патот Кичево-Охрид: Се што ќе направиме ќе биде согласно насоките од експертите

А1он

Брзо се оттуѓува приватниот имот за „Бехтел и Енка“: 58 отсто од земјиштето е експроприрано

Орце Костов

Жителите на Горна и Долна Бањица се жалат дека експропријацијата за изградбата на Коридорот 8 е по пониски цени

На распит во Обвинителство сите инволвирани во изборот на надзорот за автопатите на „Бехтел и Енка“

Орце Костов