Одобрено обвинението за „Тендери“ – Канческа-Милевска седнува на обвинителна клупа

Од:

Советот за оценка на обвинителен акт на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по обвинителниот акт на СЈО во предметот познат како „Тендери“, донесе решение со кое го одобри обвинителниот акт, соопшти кривичниот суд.

Оформениот предмет по одобрениот обвинителен акт согласно АКМИС – системот, електронски ќе биде распореден за понатамошно постапување, а кога ќе биде закажан термин за одржување главна расправа, јавноста ќе биде благовремено информирана.

Во случајот на Специјалното јавно обвинителство „Тендери“, првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канчевска Милевска за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на ВМРО, од проектот „Скопје 2014“.

Би можело да ве интересира

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Вториот вработен во фирмата со тендри од девет милиони евра поврзан со УБК на Мијалков и уништувањето на опремата, објави СДСМ