Одлуката за наплатата на паркинг-просторот во Штип ќе ја почека својата реализација

Од:

Одлуката за наплата на паркинг-просторот во центарот на Штип, која требаше да стапи на сила на 1 јуни, ќе претрпи одреден измени и ќе се одложи нејзината имплементација.

Причината за одлагање на одлуката, според директорот на ЈП „Стипион 2011“, Тони Јовев, е од техничка природа и се однесува на начинот на кој треба да се врши наплатата.

И покрај првичната одлука наплатата да се врши со помош на подвижни терминали, по остварените консултации со другите јавни претпријатија низ Македонија што се занимаваат со оваа дејност, ЈП „Стипион 2011“ одлучи наплатата да се врши преку мобилен телефон со испраќање СМС порака.

stip (1)

Јовев потенцираше дека ваквата наплата од своја страна бара регулирање на односите меѓу мобилните оператори и Општината, како и дополнителна подготовка поради, така што управниот одбор на ЈП „Стипион“ следната недела ќе мора да заседава.

Според директорот на ЈП „Стипион 2011“ постои и можност за корекција на цената, но ваквиот предлог најнапред треба да биде разгледан од страна на Советот на Општина Штип.

Ваквата одлука им оди во прилог на штипјани, кои барем на овој начин ќе заштедат некој денар од домашните буџети.

М.Р.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Алиу: Нови опции за паркинг на Клинички, бесплатно за онколошки пациенти

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му